ИСКРЕНО СО ПАВЛЕ КАМИЛОСКИ: И покрај разделбата, Катерина има посебно место во мојот живот
Македонскиот музичар и уметник Павле Камилоски потекнува од познато галичко семејство. Со сто мераци зборува за Галичник.
Не само за убавините на селото туку и за галичани, кои надалеку во светот се познати. Па, како што вели: Мојот прапрадедо од Галичник на времето извезувал кашкавал за Њујорк. Во друштво се шегуваат кога ќе им кажам дека во Галичник е донесена првата машинка за бричење и ред други работи. А ако ме прашуваш дали се скржави? Не. Тие се домаќини.
Павле потекнува од познато угостителско семејство, кое веќе 12 години го работи единствениот хотел „Неда“ во Галичник, често сврталиште и на обичните луѓе, но и на многу наши јавни личности или од странство.




