РОБЕРТ БИЛБИЛОВ: „И покрај разделбата, со Ана научивме да функционираме како родители на нашето дете“
Роберт Билбилов 20 години е на музичката сцена и како композитор и како пејач. Не мислел да пее, ама „Тајните ангели“ која некогаш беше хит, наместо да ја даде на пејачот за кого ја напишал, ја задржал за себе. Раде Врчаковски-Врчак, го наговорил за оваа работа и така од композитор, Билбилов стана и пејач.
Она што тргнало на шега, за Роберт денес е сериозна професија, а веќе работи и на третиот албум кој ќе излезе до крајот на годината.
Неговиот татко, починатиот композитор Хилми Билбил, е автор на една од најпопуларните фолк-песни кај нас, „Бисер балкански“. Па не случајно и на Билбилов компонирањето му е во гените. Од дете ги учел тајните на музиката и сѐ она што ќе му кажел татко му.




