Интервју
ЈАНА БУРЧЕСКА: „Со денови плачев поради навредите, сè уште сум жртва на сајбер-булинг“
Пејачката Јана Бурческа во 2017 година ја претставуваше Македонија на Евросонг во Киев. Оттогаш речиси и да не пее.
Денес, публиката ја препознава како водител на емисијата „Плеј топ-10“ на Македонската телевизија. Неодамна Јана се соочи со негативни коментари по домашниот Избор за песна на Евровизија кога во јавноста се пишуваше сешто за облеката што ја носеа таа и нејзината колешка Александра. Вели, и по дванаесет години на сцената, сè уште не е имуна на навредите што ги чита за себе.
„Ќе излажам ако кажам дека ми беше сеедно. Со денови плачев по домашниот избор. Оттогаш поминаа три месеци, ама јас сум и понатаму жртва на сајбер-булинг и читам лоши и навредливи коментари“, вели Бурческа за „Репортер“.




