Интервју
Мирослав Илиќ пред концертот во Скопје: „Никогаш не ѝ прозборев на Лепа Брена“
Легендата на народната песна, Мирослав Илиќ, половина век е на музичката сцена. За славејот од Мрчaјевци надалеку се знае, но и покрај неговата популарност, тој е прилично едноставен, а со себе носи цел багаж музички и животни приказни. За Скопје го врзуваат младоста, студентските денови на Електротехничкиот факултет, кој никогаш не го завршил поради љубовта со сопругата Гордана, со која почнал да живее во Скопје и оттогаш до денес се заедно.
„Живеев во населбата Пролет, спроти Феријалниот дом. Од многу љубов не го завршив факултетот“, раскажува Мирослав Илиќ. И додава: „Денес ми е криво што не завршив факултет затоа што, искрен да бидам, не се чувствувам комплетен без дипломата“.
На 73 години се чувствува одлично. На шега вели: „Кога ќе отидам во Мрчајевци, пријателите ми велат: аман Мирославе, остаревме. А јас им велам, ама кој не остарел“.




