Интервју
„Освен за глума, пеење и пливање носиме гени и за кршење раце“ – три генерации Маниќ
Улогата на Петар Маниќ во првиот детски долгометражен филм „Стела“, кој неодамна ја имаше својата премиера, шармантно нè повика да го актуелизираме семејството Маниќ. Првпат заедно во јавноста, во студиото на „Репортер“, три генерации мажи, секој со својата приказна. Томислав, Александар и Петар Маниќ.
Најстариот Маниќ во јануари ќе полни 88 години. На интервју дојде со олдтајмер, „пежо 404“. По разговорот ни откри дека ќе оди на кафе во „Манда“. „Тоа ми е библиотеката, па таму одам на кафе со цигара“, вели некогашниот професор по историја во економското „Моша Пијаде“.
Дознавме дека уште пред 40 години им држел „онлајн настава на учениците“, но и дека им го донел во школо да им пее Здравко Чолиќ. Нивниот професор беше легендарниот пејач на „Црвени рози за вас мадам“ и „Кажи зошто ме остави“. Ги праша и синот и внукот зошто во гените им е да кршат раце и нозе, па ни раскажа и нам една интересна приказна за нивната поврзаност.




