Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

БОРЈАН СТОЈКОВ: „Одржувајте ја вашата форма и здравје и во самоизолација“

Интервју

БОРЈАН СТОЈКОВ: „Одржувајте ја вашата форма и здравје и во самоизолација“

Со вакви нагли промени во секојдневните рутини од нашите животи, понекогаш е тешко да се остане продуктивен и мотивиран. 

КОВИД-19 е голема опасност за нашето, но и јавносто здравје, па затоа мора да ги почитуваме мерките за социјално дистанцирање.

Но, тоа не значи дека треба да престанете со вашата физичка активност.

– „Постојат многу вежби кои може да се прават во домашна изолација, без опрема, со цел да ги задржите вашите создадени резултати, вашето здравје, но и вашата психичка активност.“ – вели Борјан Стојков, претставник на Македонија на светското првенство во фитнес и бодибилдинг.

Се препорачува неделна физичка активност од 150 минути со умерен интензитет или 75 минути со силен интензитет, или комбинација од двете. Овие препораки можат да се постигнат и дома, без посебна опрема и во ограничен простор.

Правете кратки активни паузи во текот на денот. Кратки периоди на физичка активност помагаат да се достигнат неделните препораки. Тоа може да бидат едноставни вежби како на пример колено до лакт, чучнувања, стомачни вежби и слично.

Освен бенефитот за вашето тело, редовната физичка активност е одличен пријател во борбата против невидлиот непријател.

– „Редовната умерена активност се промовира како стратегија за стимулација на имунулошката функција на организмот.“ – додава Стојков.

Физичка активност доведува до побрзо испуштањето на бактериите од белите дробови и дишните патишта. Ова ја намалува можноста да заболите од настинка, грип или друга болест.

Покрај ова, вежбањето предизвикува промена и на антителата и белите крвни клетки (клетките на имунолошкиот систем на организмот кои се борат со болести). Овие антитела при вежбање и забрзување на метаболизмот циркулираат побрзо, така што побрзо можат да детектираат инфекција во Вашиот организам и да се борат со нејзе.

Краткото покачување на телесната температура за време и веднаш после вежбање може да го спречи ширењето на бактериите. Овој пораст на температурата може да му помогне на телото подобро да се бори против инфекцијата.

Покрај сето ова, вежбањето го забавува ослободувањето на хормоните на стрес. Некои од овие хормони ја зголемуваат можноста за заболување. Затоа, помалку хормони на стрес – подобар имунитет.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Интервју

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.