ТАЊА КОЧОВСКА: 25 години со Предраг си ги мериме притисоците
Кога летоска на социјалните мрежи актерката Тања Кочовска објави дека мајка ѝ се изгубила во Градскиот парк, многумина тогаш дознавме дека Невенка Кочовска, познатата музичка дива од „Мањифико“, има Алцхајмерова болест.
Тања вели: „Тоа е болест на целото семејство оти сите минуваме еден тежок период. Единствено што не заборавила – не само убаво да пее, туку и школски точно да нè поправа кога грешиме. И јас тогаш ќе ѝ речем: ‘Ама ти имаш или немаш Алцхајмер’“, вели Тања Кочовска.
Ова е само дел од интервјуто за „Репортер“ во кое таа зборува за сè. За љубовта со Предраг, која почнала во Театарот за деца и младинци, до ноќта, кога во пет часот во кафеана, ја побарал за жена: „Аха, да бе, важи, му викам, ја со дете од друг маж, ти па сигурно за жена ќе ме земаш“, искрена е Тања.




