Сцена
Ивана и Меланија Трамп во борба околу тоа која е првата дама на САД
Првата сопруга на американскиот претседател Доналд Трамп, Ивана, и актуелната, трета сопруга, Меланија, се спречкаа околу тоа која има право да го користи епитетот „прва дама на САД“.
Судирот беше предизвикан од промотивната кампања која Ивана Трамп ја води за својата нова книга, насловена „Растејќи го Трамп“, и во која раскажува за животот со Доналд и нивните три деца, Доналд Јуниор, Иванка и Ерик.
Во интервју за емисијата „Добро утро Америка“, Ивана Трамп изјави дека има директна линија со претседателот, се слуша со него секои две недели и дека се чувствува како прва сопруга, – Јас сум првата дама, ок?, изјави таа.




