МК Сцена
Скопска премиера на ТВ-серијата „Сенки над Балканот“
Пилот-епизодата од ТВ-серијата „Сенки над Балканот“ на Драган Бјелогрлиќ, која премиерно беше прикажана на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола, вечер ќе има и скопска премиера во кино Синеплекс, на затворањето на второто издание од фестивалот „Киненова“.
„Сенки над Балканот“, по концепт и во режија на Драган Бјелогриќ, е меѓународна копродукција меѓу „Кобра филм“ од Србија, „Скопје филм студио“ од Македонија и „Искра“ од Русија. Како копродуценти на серијалот учествуваа и Радиотелевизија Србија, Радиотелевизија Република Српска и Македонската радиотелевизија, а финансиски е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија.
Серијата е историски трилер за настани од почетокот на 20 век, главно во Белград, и опфаќа дел од историско-политичките случувања од тој период во Македонија. Режисер на осмата епизода која се снимаше претежно во Битола и околината е Игор Иванов.





