Промо
ИЗНЕНАДУВАЊЕ ЗА ФАНОВИТЕ: Серијата „Пријатели“ се враќа на ТВ екраните
По последните епизоди на култната серија „Пријатели“ во 2004 година, фановите ширум целиот свет се надеваат дека славната шесторка повторно ќе се спои и ќе сними нови продолженија.
По цела деценија изгледа дека нивната желба ќе се исполни, барем делумно. Имено, како што објави „Ентертејмент Викли“, целата екипа од славната серија повторно ќе се собере кон крајот на јануари на посебно снимање за Ен-Би-Си.
– Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Kудроу, Мет Лебланк, Метју Пери и Дејвид Швимер ќе се соберат поради ново снимање во чест на режисерот Џејмс Бароус, кое ќе се емитува на 21 февруари, потврди вчера шефот на Ен-Би-Си, Боб Гренблант.




