Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ЌЕ ВЕ ЗАРАЗИ: Ова е новиот летен хит на Лозано за 2018 година (ВИДЕО)

МК Сцена

ЌЕ ВЕ ЗАРАЗИ: Ова е новиот летен хит на Лозано за 2018 година (ВИДЕО)

„Јако, Јако“ е најновиот летен хит во интерпретација на најдобриот машки вокал во земјава, Влатко Лозаноски – Лозано. Како на повеќето песни во неговата кариера, така и на оваа како автори се потпишуваат Лазар и Магдалена Цветковски, тандемот кој веќе неколку години наназад ја креираат поп-сцената во Македонија.

За новата песна Лозано сними и видеоспот во далечниот и преубав Кушадаси, а како режисер на истиот се потпишува веќе докажаниот Даниел Јовески. Покрај Влатко во спотот се појавува и преубавата кумановка Мартија Ѓеоргиевска.

– Веќе ги имам првите реакции за песната и спотот и морам да признаам дека ме радуваат, особено позитивно сум изненаден од коментарите на социјалните мрежи од луѓе од балакнските земји. Секојдневно добивам позитивни пораки од Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска и многу други земји – вели познатиот пејач.

Инаку и оваа песна ќе се најде на најновиот албум на Лозано кој носи наслов „Десет“, а ќе биде промовиран за многу брзо време.

Уживајте во спотот:

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.