Музика
Ед Ширан обвинет за плагијаторство (ВИДЕО)
Британскиот пејач Ед Ширан доби тужба за плагијаторство за еден од неговите најголеми хитови „Thinking Out Loud“, и ако се докаже дека е точно, поп ѕвездата ќе мора да плати сто милиони долари.
Тужбата е од семејството на покојниот Марвин Геј. Тие тврдат дека Ширан ги украл музиката, ритмот, хармонијата, тапаните, темпото и придружните вокали од песната „Let’s Get It On“ од 1973 година.




