Сцена
КОНЦЕРТ НА ДЕЦЕНИЈАТА: На Белград му се случи Роби Вилијамс!
30.000 беше бројката на луѓе која вчеравечер го исполни паркот Ушќе во Белград, град кој беше сведок на двочасовното лудило наречено Роби Вилијамс!
Иако неколку минути пред неговиот настап небото над Белград „се отвори“ и почна да врне дожд, тоа не беше причина илјадниците присутни, меѓу кои и многу Македонци, да се забавуваат на големите хитови на Вилијамс.
Концертот започна со загревањето на српската евровизиска претставничка Бојана Стаменковиќ, потоа на сцената се појави групата Перпетум Мобиле која настапи со повеќе песни од изведувачите на овогодинешното издание на Егзит, следни на сцената настапија суперфиналистите од шоуто Х-Фактор, а крајот беше резервиран за познатите 2Cellos.


![robbie-williams-foto-milena-djordjevic-8[1]](http://www.popularno.mk/wp-content/uploads/2015/06/robbie-williams-foto-milena-djordjevic-81.jpg)


