МК Сцена
Концерт на Лајбах на 27 март во Скопје
Култната словенечка група Лајбах на 27 март ќе одржи концерт во Младинскиот културен центар во Скопје на кој ќе го претставуви фантастичниот нов студиски албум „Also Sprach Zarathustra“! Настапот на групата е во низата концертни настани со кои Таксират фестивал идната година ќе го одбележи 20. издание.
Музиката за новиот албум, групата ја компонирала за театарската претстава „Така зборуваше Заратустра“.
Скопскиот концерт на Лајбах е во рамки на европската турнеја за „Also Sprach Zarathustra“, на која бендот изведува целосно нова концертна програма, песните од актуелниот албум, но и класиците од својот репертоар во нов аранжман, а кои не ги изведувале со години.




