МК Сцена
Крај на есенското издание Моден викенд Скопје (ФОТО)
Шеснаесеттиот Моден викенд Скопје под мотото #Stopthetraffik заврши синоќа во „Иновативниот центар на Македонски Телеком“ со мултимедијална презентација на Ирина Тошева поддржана од topsi.mk.
Циклусот песни за Дениција од Петре М. Андреевски се инспирација за новата колекција есен/зима ‘17/’18 на Ирина Тошева.
Од љубовта кон жената до родољубието, цел спектар на емоции се преточени во креациите, оставајќи им можност на модните вљубеници самите да ја препознаат својата љубов меѓу нив.




