Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Овации за Дино Имери и оркестарот на Македонската филхармонија (ФОТО)

МК Сцена

Овации за Дино Имери и оркестарот на Македонската филхармонија (ФОТО)

Со овации и долги аплаузи беа поздравени македонскиот истакнат пијанист Дино Имери, оркестарот и маестро Борјан Цанев, по синоќешниот концерт со кој свечено почна новата концертна сезона на Македонската филхармонија.

„Нов почеток“ беше насловот на концертот на кој прозвучеа еден од најпознатите концерти за пијано, Концертот во бе-мол од Петар Илич Чајковски, во кој солистот Дино Имери ја изрази својата виртуозност, како и симфониската поема „Римски фонтани“ од Оторино Респиги и „Ѓаволштините на Тил Ојленшпигел“ оп. 28 од Рихард Штраус.

Директорот на Македонската филхармонија, Виктор Илиески, ја поздрави многубројната публика со зборовите: „Ви ветуваме незаборавни ѕвездени мигови од традицијата на светските и македонските композиторски пера, па се до современите нотни записи. Од концерти во изведба на комплетниот филхармониски состав во оваа голема сала, до мини средби со нашите инструменталисти на малата камерна сцена.

Ви ветуваме големи, славни имиња кои ќе блескаат на сцената, и кои ќе бидат уште една потврда на реномето на нашиот оркестар, но и дружење со млади талентирани надежи кои најавуваат широк уметнички спектар. Сигурен сум дека секое катче во новиот Дом, ќе биде омилен простор за нови дострели на македонските репродуктивни уметници, но и нов предизвик за вас почитувана публико.

Тоа е патеката што Ви ја ветуваме, и воедно Ве покануваме да уживате во звуците на македонските филхармоничари вечерва, но во целата наша концертна сезона.“

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.