МК Сцена
Трет ден од шеснаесеттиот Моден викенд Скопје (ФОТО)
На претпоследниот ден од шеснаесеттиот Моден викенд Скопје, вчеравечер во „Скопје Мериот Хотел“ беа прикажани најновите колекции на ателјето „Алшар“, „Walone fashion group“ , српската дизајнерка Ана Трошиќ Трајковиќ и „Shaleva Couture“.
Колекцијата „Калеш Анѓа“ која ја потпишува Силвија Миха од ателјето „Алшар“ е инспирирана одистоимената книга на Столе Попов и македонските револуционери, особено од жените и нивната борба за слобода и личен избор.
– „Кроевите и формите на креациите се инспирирани од македонските носии и облеките на нашите револуционери но претставени со асиметрични и авангардни форми, често со изразен волумен и суптилни детали од македонскиот фолклор.“, вели Миха.






