Сцена
Лиам Пејн и предложил брак на десет години постарата Шерил Кол
Пејачката Шерил Кол (32) и нејзиниот десет години помлад вереник, Лиам Пејн наводно се венчале, а гласините почнаа откако на нејзината рака светна голем дијамант.
Имено, на Шерил за неколку дена и е роденден, но од помладото момче веќе добила два скапоцени прстени, еден со црн дијамант и еден со црвен рубин, за кои се зборува дека се повеќе од роденденски подарок.
Да потсетиме, двојката почна да се гледа кон крајот на 2015 година, а првите гласини за љубовта се јавија неколку месеци подоцна. Во мај, двојката првпат заедно се прошета на црвениот килим со што потврдија дека се сериозни, а наводно веќе и живат заедно.




