МК Сцена
Рок легендата Ian Gillan доаѓа со уникатен концерт во Скопје
Авалон Продукција ја затвора светската концертна сезона 2016 во Скопје.
Рок легендата Ian Gillan- еден од сигурно највпечатливите светски вокали на сите времиња доаѓа со уникатен концерт- со песни од Deep Purple, придружуван од бендот на Don Airey и Македонската филхармонија, под диригентство на Stephen Bentley- Klein, на 5ти ноември во ВИП Арената.
„Smoke On The Water“, „Black Night“ и „Perfect Stranger“.. се само дел од легендарните нумери кои ќе прозвучат пред македонската публика.





