МК Сцена
Магија на „Островот на слободата“ – Лана Дел Реј го освои фестивалот „Сигет“ (ФОТО)
Иако организаторите на своите големи екрани најавуваа олујно невреме, вчера во текот на целата главна програма на еден од најголемите музички фестивали Сигет, времето не’ послужи за одлична европска забава на отворено!
Се помина во најдобар ред, иако во текот на целиот ден беше неподнослива летна жега, која не дозволи да се расипе забавата на „Островот на слободата“ со хедлајнерите на вечерта, меѓу кои и кралицата на сите времиња, Лана Дел Реј.
Лана Дел Реј е права дива, некои би рекле и принцеза на поп звукот која понекогаш има и малку чудни барања, па така побара да се испразни цел прес центар за да низ него се качи и се симне од бината, а со тоа и го скрати правото на новинарите да ја фотографираат пред сцената. Но, тоа сега е најмалку важно затоа што таа успеа да го исполни островот со преку 50.000 луѓе кои беа присутни на главната бина.





