Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Помалку од една недела до големиот концерт на Шон Пол

МК Сцена

Помалку од една недела до големиот концерт на Шон Пол

До најголемиот музички настан кој ќе го одбележи ова лето и не само во главниот град, единствениот концерт во регионов – гостувањето на една од најактуелните светски ѕвезди – јамајканскиот музичар и добитник на Греми, Шон Пол – остана уште една седмица!

Билетите кои се пуштени во продажба се продаваат по редовните цени и ќе чинат: 1 500 денари за партерот, 2 100 за фан питот, ВИП влезница ќе чини 2 700 денари, додека оние за ултра ВИП делот ќе се 8 500 денари – ова се всушност влезници во ограничена количина и се со ексклузивен ‘meet and greet’ настан по концертот, каде фановите ќе може да се запознаат со Шон Пол и да уживаат во коктел забава, која ќе биде организирана на највисоко ниво.

На денот на концертот, 23 август, ако воопшто има влезници истите ќе бидат со повисока цена, затоа не пропуштајте ја можноста навреме да си обезбедите билет за настапот на сопственикот на најактуелните светски хитови и соработките со Бијонсе, Дуа Липа, Сиа, Дејвид Гета…

Шон Пол во Скопје доаѓа во склоп на летната турнеја и со својата комплетна 17-члена екипа која вклучува бенд, техничка поддршка, како и неговите dancehall танчарки, чиј уникатен стил на танцување дополнително ќе ја вжешти оваа и онака врела августовска вечер.

Домашна поддршка, односно за загревање на атмосферата пред на сцената да застане Шон Пол, ќе ве забавуваат популарните SHORTY P и IRIE SCRATCH, како и уникатниот ТАЈЗИ.

Не пропуштајте ја единствената можност да бидете дел од ексклузивниот музички спектакл во регионот, концертот на уникатниот музичар од Јамајка, добитникот на Греми, единствениот Шон Пол.

23 август – Стадион АРМ – 20 часот!

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.