Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Македонија се сеќава на Тоше Проески – денеска ќе прославеше 43 години

Сцена

Македонија се сеќава на Тоше Проески – денеска ќе прославеше 43 години

Денеска, Македонија и целиот Балкан ќе го одбележат 43-тиот роденден на македонската музичка легенда, Тоше Проески.

Локалниот Црвен Крст ќе организира хуманитарна крводарителска акција во Крушево, а ќе биде положено и свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште. Од 12 часот, во Спомен-домот, ќе биде отворена хуманитарно-продажната ликовна изложба со дела на уметницата Светлана Зуламоска, а средствата ќе бидат донирани за лекување на малиот Војдан Спасовски.

Денот ќе заврши со музички перформанс и промоција на видеоспотот на Јана Мрческа и традиционалниот музички перформанс “Ангел си ти”, каде ќе се изведат песни како “Тајно моја” и “Срце није камен”. Премиерно ќе биде прикажан и документарниот филм на Катарина Миловановиќ во чест на Тоше, која ќе го донира во Спомен куќата. Премиерата на филмот ќе биде во петок, 26-ти јануари, во 19 часот, во салата на Младинскиот културен центар во Крушево.

Тоше Проески, кој е роден и завршил училиште во Крушево, загина во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.