Сцена
Македонската актерка Емине Халил: „Тврдоглава, прибирлива и приврзана за семејството сум исто како Ајшен од Балканска приказна“
Емине Халил, која живее во Скопје потекнува од мешано турско, албанско и босанско семејство. Младата актерка Халил, која професионално се занимава со глума од 2013 година има дипломирано на Драмскиот факултет во Скопје и вели дека ова е нејзино прво искуство во ТВ серии, но зад себе има оставено многу одиграни театарски претстави и филмови.
-Балканска приказна беше голема шанса за мене. Додека тимот на ТВ серијата се подготвуваше за снимањата овде во Скопје, дојдоа на кастинг во Турскиот театар во Скопје, а јас бев една од пријавените актери на таа аудиција. Еден месец подоцна ми јавија дека сум ја добила улогата на Ајшен. Навистина сакав да бидам дел од оваа серија која што се снима во Скопје – вели младата актерка од Македонија Емине Халил, која стана препознатлива не само во Македонија туку и во Турција по ликот на Ајшен од новата турска серија Балканска приказна.






