МК Сцена
Македонскиот филм „Последните камбани“ ја освои првата награда на светскиот филмски фестивал во Монтреал
Краткометражниот филм „Последните камбани“, ја освои првата награда за кратки филмови на 41-виот „Монтреал ворлд филм фестивал“, Канада, кој се одржа од 24-ти август до 4-ти септември.
Во конкуренција за наградата беа прикажани околу четириесет кратки филмови од целиот свет, но жирито одлучи да ја додели токму на единствениот македонски претставник.
Филмот е работен по сценарио и во режија на Никола Поповски, а актерот Мето Јовановски ја игра главната улога.




