Актуелно
Откажан концертот под свеќи „Candlelight: Timeless“
Најавениот концерт под свеќи „Timeless“, кој требаше да се одржи на 22 март во Скопје во големата сала на Македонската филхармонија, е откажан поради големата трагедија во Кочани.
На концертот како солист требаше настапи виолончелистот Петар Пејчиќ со камерниот оркестар „Профундис“, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ.
„Со длабока тага известуваме дека концертот Candlelight: Timeless на камерниот оркестар Профундис, закажан за 22 март 2025 година, се откажува поради трагичниот настан во Кочани што ја потресе Македонија.



