Настани
Македонските „корени“ на Шабан Шаулиќ
Кралот на народната музика, Шабан Шаулиќ, не пропушта момент да се пофали со тоа колку и како го владее македонскиот јазик.
Пред концертот закажан за 14 март во спортскиот центар Борис Трајковски, Шаулиќ вели дека нема да ја пропушти оваа несекојдневна можност, на македонската публика да и се обрати на јазикот кој што го научил додека служел војска во Македонија.
„Војската не секому му буди убави спомени, но за мене тоа е веројатно е еден од најубавите периоди во животот. Со Македонија ме врзуваат многу убави спомени и секое доаѓање долу е како враќање дома. Знам дека не зборувам македонски најдобро, но се трудам. Вашиот јазик е многу убав. За песните воопшто и не станува збор“ – вели Шаулиќ.




