Сцена
Малата ќеркичка на Роналдо „собра“ 5 милиони „лајкови“ на Инстаграм
Фудбалерот Кристијано Роналдо кој се најде на првото место на најплатените спортисти на светот му ја покажа на светот својата петмесечна ќерка Ева Марија.
Фотографијата објавена на Инстаграм на која Роналдо во раце го држи малото девојче доби повеќе од пет милиони лајкови.
Инаку, познатиот фудбалер пред неколку недели стана татко и на своето четврто дете, ќерка по име Алана Мартина.




