МК Сцена
МАРС 2016: Елена Ристеска победник на вечерта – Гоца Тржан и Беквалац специјални гости на фестивалот (ФОТО)
Елена Ристеска и „ДНК“ синоќа беа апсолутните победници на Македонскиот радиски фестивал, кој се одржа во МОБ се по деветти пат.
Во обраќањето кон публиката, Елена наградите и настапот ги посвети на татка си и на обожавателите, кои ја поддржуваат сиве овие години.
Во изборот на највртените радиохитови за изминатата година учествува повеќе од 40 домашни радиостаници, по чијшто избор беа доделени награди во неколку категории.








