Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„ТАЈФАТА“ ДОБИ ЗАСИЛУВАЊЕ: Димитар Андоновски нов член на бендот

МК Сцена

„ТАЈФАТА“ ДОБИ ЗАСИЛУВАЊЕ: Димитар Андоновски нов член на бендот

Можеби го немаше долго време, но еден од најдобри вокали на нашата естрада, Димитар Андоновски повторно се враќа онаму каде што припаѓа.

Од пред неколку дена битолчанецот Димитар е новото засилување на групата „Тајфата“, во која до пред некое време член беше и виолинистот Коки Јанков.

Поточно Андоновски е новиот вокал на бендот кој полека, но сигурно се препознава по неговата оргиналност и впечатливост.

– Пред се прифатив бидејќи момците од „Тајфата“ се вистински професионалци кои си ја знаат работата и сите се со долгогодишно музичко искуство. Токму поради тоа сметам дека сите заедно сме една добра комбинација која ветува многу. Веќе почнуваме и со работа на студиски материјал кој наскоро ќе биде промовиран пред јавноста – вели Андоновски.

И останатите членови од бендот не го кријат задоволството што добија исклучителен вокал.

– Сигурни сме дека публиката ќе биде задоволна од она што планираме да го презентираме допрва – наскусо ни изјавија момците од бендот.

Инаку Димитар и „Тајфата“ веќе имаат закажано повеќе настапи низ земјава, а во скоро време ќе го слушнеме и нивното прво музичко остварување.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.