МК Сцена
11. Фестивал на младо вино на „Тиквеш“: И кога сѐ е вонредно, младото вино е извонредно
Винарската визба „Тиквеш“ и оваа година, 11-та по ред, ја продолжува традицијата на Фестивалот на младо вино, организирајќи го најголемиот онлајн настан од ваков вид.
Раководејќи се од основната идеја заеднички да се наздрави за првото, младо вино од најновата берба, годинава овој настан се организира и со намера да се создаде позитивна атмосфера и да се придонесе кон охрабрување за наминување на предизвиците со кои сите се соочуваме.
Под слоганот „И коге сѐ е вонредно, младото вино е извонредно“ програмата на годинешниот фестивал вклучува интересни содржини во изведба на познати уметници и естрадни ѕвезди од нашата земја и регионот кои ќе бидат емитувани „во живо“ од две локации – Кавадарци и Белград, а ќе настапат Влатко Стефановски, Тијана Дапчевиќ, Фрајле и Здружение на џез музичари.




