
МК Сцена
Интересна година за актерот Жарко Димоски: Во време на пандемија се ожени, пееше на „Макфест“ и сними спот со неговата вереница! (ВИДЕО)
На 35-то јубилејно издание на „Макфест“, кое се одржа пред неколку недели во Штип, за првпт на сцената го видовме и младиот и познат актер од „Театар Комедија“, Жарко Димоски.
Талентираниот актер, а богами и пејач за првпат се претстави со авторска песна на овој фестивал и успеа да ги собере симпатиите на љубителите на македонската музика.
Жарко настапи со неговата „Ајде да наздравиме“, песна на која како текстописец се потпишува лично тој, додека за музиката и аранажманот беше задолжен добро познатиот Валентино Скендеровски.




