Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Ексклузивен концерт на Никола Мицевски со проектот „New Era” во Public Room!

МК Сцена

Ексклузивен концерт на Никола Мицевски со проектот „New Era” во Public Room!

После големите промотивни концерти во НУ – Центар за култура – Битола, народниот тетар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот” во Велес и концертот во Македонската Филхармонија во Скопје, проектот на Никола Мицевски „New Era” ќе можете да го видите и во малку поинтимно и ексклузивно издание со многу гости во „Public Room” на 18-ти мај.

Проектот „NEW ERA” претставува симбиоза на различни жанрови, едно филмско начело фузирано со етно, рок и електро основи во служба на пијаното и солистички инструменти.

Овој пат покрај Никола Мицевски и пријателите ќе има и неколку гости како изненадување.

Влезниците чинат 400 денари и можете да ги набавите онлајн на страната на ticketx.mk.

 

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.