МК Сцена
Доделени “Супербренд” признанијата на најдобрите македонски компании за 2016 (ФОТО)
Superbrands како глобален авторитет во областа на брендингот ги додели признанијата за најсилните пазарни марки во Македонија за 2015-та и 2016-та година во среда, 21.12.2016 година, на свечена церемонија.Oваа меѓународна организација во Македонија за прв пат ги круниса со знакот на Superbrands компаниите, организациите и личностите од Македонија во 2009-та година и од тогаш цели кон истакнување на најзначајните карактеристики кои секој бренд треба да ги негува.
– „Компаниите, производите и лицата кои се прогласени за Superbrand се вивнаа во вселената и освоија нова димензија на универзална препознатливост. Тие сега се дел од најквалитетните, најоригиналните и најсигурните брендови во Македонија и светот. Тие се најпрепознатливи брендови затоа што ги исполнуваат најголемите светски корпоративни вредности. Со тоа што компаниите го носат знакот на Superbrand светските и домашните потрошувачи имаат повеќе доверба во нивните производи и услуги и тие можат полесно да освојуваат нови пазари.“ истакна Зоран Саздовски, одговорен за Superbrands Македонија.







