Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Фестивалот „Охрид колинг“ се откажува за догодина

МК Сцена

Фестивалот „Охрид колинг“ се откажува за догодина

Фестивалот „Охрид колинг“ се откажува за догодина

Авалон продукција информира дека и покрај фактот што Комисијата за заразни болети во земјава дозволи да се одржуваат јавни open-air настани со 50% намалени капацитети, земајќи ја предвид масовноста на публиката, фестивалот и воопшто, неговиот концепт, одлучивме „Охрид колинг“ да го одложиме за следната година.

Сепак, периодов интензивно работевме на тоа истите артисти да ги префлиме за следната година, па така, јубилејното издание на„Охрид колинг“ ќе биде ТРИ дена и ќе се одржи од 30-ти јули до 01-ви август 2021 година на истата локација, во касарната во Охрид.

Поминавме заедно четири незаборавни фестивалски изданија, проследени со многу магични моменти, насмевки, емоции и незаборавни забави. Ќе ја надминеме и оваа кризна и тажна година- обединети!

Дотогаш, подготвувајте се за „Охрид колинг 2021“ и заедно да ги надоместиме сите пропуштени забави на следното издание на вашиот омилен фестивал!

А, кога зборуваме за културата и музиката во Македонија… ние сме секогаш тука да го пронајдеме лекот!, стои во соопштението на Авалон.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.