
МК Сцена
Антониа Гиговска: Имам чувство дека сите се против мене
Македонската пејачка Антониа Гиговска во последниов период не престанува да ја изненадува јавноста. Покрај тоа што ја промени бојата на косата во розова, таа се почесто открива и работи за кои досега не сме имале можност да ги слушнеме од неа.
Во последната објава на нејзиниот Инстаграм профил, Гиговска ги отвори картите на маса и сподели дека ништо не е совршено зад затворената врата. Во текстот како што вели таа, многу луѓе не ја сакаат и одвај чекаат да згреши негде за да напишат нешто лошо за неа.
„Многу луѓе се среќни кога плачам. Многу луѓе чекаат било каков момент да кажат или напишат нешто лошо за мене. Некогаш треба да си ја запознаете својата вредност. Само така ништо нема да ве допре“, вели пејачката.



