МК Сцена
И се смешка блескава кариера: Младата Марија Спасовска имаше одличен настап на „Макфест“, а ова е спотот за нејзината песна „Омилен“ (ВИДЕО)
Дефинитивно младата и талентирана пејачка Марија Спасовска беше една од најзабележаните учесници на овогодинешното издание на фестивалот „Макфест“, кој се одржа викендот во Штип.
Нема сомнеж дека Марија ги освои срцата на публиката, а доказ за тоа се позитивните коментари кои не престануваат да пристигнуваат на нејзина адреса.
Таа имаше одличен настап со нејзината песна „Омилен“ уште во првата вечер од фестивалот, а тоа го потврди нејзиниот пласман во втората вечер, каде настапи со веќе докажаните музички ѕвезди од македонската естрада.





