МК Сцена
Ирена Спировска- новата водителка на Фолк вечер на „Охрид фест“
Во годината на јубилејот на „Охрид фест“, водителка на Фолк- вечер е популарната Ирена Спировска, омилено тв- лице што, верувале или не, има 30. годишно професионално искуство, точно колку што трае фестивалот.
– Радосна сум што ќе имам можност да се појавам на сцената на „Охрид фест“ за неговото 30-то издание – вели Ирена. – Фолк вечер на „Охрид фест“ е преубав спој на новосоздадената песна и уникатната убавина на величествениот Охрид, па токму затоа е омилен помеѓу изведувачите, авторите и публиката. Три децении придонес за македонската музичка сцена, голем број музички хитови и незаборавни музичко-сценски доживувања се за секоја почит и, од срце го честитам јубилејот на „Охрид фест“. Инаку, сите изминати години редовно ги следев случувањата на „Охрид фест“: понекогаш во публика а некогаш пред тв- екранот. Од сега ја чувствувам возбудата што оваа година за прв пат ќе можам да ја доживеам на сцена фестивалската магија на фестивалот и што организаторите ми ја укажаа честа за јубилејното издание.“
Инаку, Ирена својата кариера ја започна токму во националнит сервис, во МТВ пред 30 години, и уште во првите години беше дел од редакцијата за народна музика.




