МК Сцена
Концерт на Здравко Чолиќ на јубилејниот „Joy fest“ во Крива Паланка
Балканската ѕвезда Здравко Чолиќ ќе одржи концерт на јубилејното издание на музичкиот фестивал „Joy fest“, кој ќе се одржи на 27 и 28 во Крива Паланка.
Концертот со нетрпение го очекуваат жителите на овој дел од државата, особено кривапаланчани, бидејќи Чола за прв пат ќе гостува во нивниот град.
-Секогаш е убаво кога ќе се пее, ние со години уживаме во гостите на „Joy fest“. Тоа некако ни доаѓа како круна на летото, бидејќи по фестивалот за неколку дена почнува училишната година. Но, овој пат е посебно, бидејќи нема кој не го сака Чола и да ги слушне неговите безвременски хитови, но да го видиме во живо, велат жителите на Крива Паланка.




