МК Сцена
Тони Зен го објави своето најново музичко парче „Ел Падрино“ – песна со која ќе се обиде да ја врати почитта помеѓу новите и старите генерации
Тони Зен повторно се врати на тлото на кое неговите рими најдобро звучат, а најмногу болат, па на јавноста и го претстави своето најново музичко парче кое го носи насловот „Ел Падрино“, песна која ќе биде вистински хит ова лето и песна која со сигурност ќе остави белег, не само кај нас, туку во целиот регион.
Пред долги години направи вистински бум со своите текстови кои никого не оставаат рамнодушен и стана национален музички херој, а со истото темпо продолжува и денес. Зад текстот на песната „Ел Падрино“ се потпишува самиот тој, додека пак музиката и аранжманот се на Иван Костадинов. Целта на ова музичко парче е да се врати почитта помеѓу новите и старите генерации, почит која по се изгледа одамна е изгубена.





