Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Историско откритие во Битола: По еден век повторно се појави театарската завеса од 1926 година

МК Сцена

Историско откритие во Битола: По еден век повторно се појави театарската завеса од 1926 година

Речиси еден век по нејзиното поставување, во Битола повторно „оживеа“ дел од театарската историја. Во просториите на Народен театар Битола беше претставена оригиналната сценска завеса од 1926 година, за која долго време се сметаше дека е изгубена.

Откритието беше обелоденето на прес-конференција по повод нова премиера, а зад актерите – како симбол на континуитетот – стоеше токму црвената завеса стара сто години.

Завеса со кралска историја

Според информациите од раководството на театарот, завесата била донација од српската кралица во 1926 година, кога институцијата функционирала како Битолски градски театар. По детално истражување и споредба со архивски фотографии, било потврдено дека станува збор за истата оригинална завеса.

Маркетинг

Особено значајно е што токму пред оваа сценографија се одиграла и првата претстава на македонски јазик – „Ѓоре Магаревски“, што ѝ дава дополнителна културно-историска тежина.

Спасена од пожар во 1944 година

Историјата на завесата е драматична. Во 1944 година, при повлекувањето на бугарските фашистички сили, зградата на театарот била запалена. Според сведоштва, сценски работник во тој период успеал да влезе во објектот и да ја спаси токму оваа завеса – единствениот сочуван елемент од тогашната сценографија.

На ткаенината и денес се забележуваат делови од орнаменти и симболи, меѓу кои ловорови венци – традиционален знак за уметничко признание. Одредени кралски обележја биле отстранети во подоцнежниот период.

Симбол на културниот континуитет

Откривањето на завесата се совпаѓа со стогодишнината од нејзиното пристигнување во Битола, што на настанот му дава дополнителна симболика. Театарот најавува дека ќе работи на нејзина конзервација и соодветна презентација како дел од културното наследство.

Ова откритие претставува уште една потврда за значењето на Битолскиот театар во развојот на македонската драмска уметност и воопшто во историјата на македонската култура.

Прочитај повеќе
Маркетинг

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.