Македонската естрада се обединува за Часот на планетата Земја!
Во својата мисија, Часот на планетата Земја секогаш ја потенцирала моќта на луѓето, и затоа здравјето и благосостојбата на нашите поддржувачи секогаш биле на првото место.
Во овие тешки времиња, иако не можеме да се обединиме и испратиме порака од улиците, се уште можеме солидарно да се обединиме насекаде ширум светот, од нашите домови. Сега не е време да се откажеме, туку можност да реагираме уште покреативно!
На само еден ден до Часот на планетата Земја, канцеларијата на ова светско еколошко движење во Македонија најавува големо „онлајн“ дружење за време на едночасовниот еколошки мрак.



