МК Сцена
Милиони луѓе ги исклучија светилките во своите домови за Часот на планетата Земја!
Глобални лидери, познати личности, и голем број на поддржувачи од преку 190 земји ширум светот се обединија во саботата, на 28 март, за да ја дадат својата поддршка за планетата. Часот на планетата Земја, оваа година на дело ја покажа отпорноста и моќта на човечкиот дух и мисла, и низ овие кризни времиња испрати порака за да слушне гласот на индивидуалците!
Во време кога луѓето ширум светот се борат со здравствена криза од невидени размери, и многу земји се под целосен карантин, поддржувачите на Часот на планетата Земја ширум светот го предизвикаа вирусот корона со дигитални, виртуелни настани на Интернет.
Оваа година Часот на планетата Земја генерираше над 3 милијарди импресии на социјалните медиуми на глобално ниво, додека ознаката #EarthHour беше главна тема на Фејсбук и Твитер во преку 37 земји, правејќи ја една од најуспешните интернет акции во својата историја.








