МК Сцена
Мирослав Илиќ ќе прослави 45 години јубилеј со голем концерт во Скопје
По повод 45 години јубилеј – 45 години музичка кариера на 11 март во Скопје ќе гостува една од најголемите екс ју-фолк легенди – Мирослав Илиќ. Всушност, токму од Скопје и стартува неговата славеничка турнеја која ќе опфати повеќе градови од цела поранешна Југославија.
“Ако ви се игра – играјте; ако ви се пее – пејте; Добредојдовте и живели”, вели Мирослав во поканата за дружба со македонската публика, која во неговите најголеми хитови ќе може да ужива на концертот закажан на 11 март во Метрополис Арената.
Станува збор за славенички концерт кој заради поводот – 45 години јубилеј, ќе биде со поразлична концепција и само со места за седење, а влезниците ќе бидат во органичен број.




