Митрик и Самарџиски ја најавуваат втората сезона на аудио-серијалот „ROOMANIA“
Предизвикот на клупската култура е да најде начин за опстанок во „живот”, преку прилагодување и промоција на онлајн платформи. Тоа е единствениот начин кој моментално се применува и им дава можност на артистите да се промовираат. Се разбира дека не е ни приближно еднакво со настаните во живо, но од друга страна им отвара нови креативни погледи на промотерите на електронска музика.
Промотерската асоцијација “Room 313”, која промовира модерна електронска музика, е една од ретките која го прифати новиот предизвик и продолжи да работи на своите цели. Во продолжение, Митрик и Самарџиски за нивниот нов проект.
Размислувајќи како би се прилагодиле на новото време, дојдовме до идеја за нов проект. Новиот проект на кој работиме го именувавме “Roomania” и е серијал на аудио подкасти, диџеј миксови, во кој низ музичко-тематски сезони селектираме и промовираме соодветно избрани артисти.




