МК Сцена
На појадок со новинарите Тајфата на Коки ги претстави новите проекти и идеи (ВИДЕО)
Никола Јанков, познат на сите како Коки од дуото Дуле и Коки, денес го промовираше новиот видео спот со својата Тајфа.
Записот е снимен заедно со „Томато“ продукција. Во видеото Коки ја интерпретира „Слушам кај шумат шумите“ со вокал од Андријана Јаневска, и на гитара свири Ивица Јорданов.
– „25 години, и повеќе, не се малку да си во оваа сфера на работа. Секој си креира свој пат и како годините доаѓаат така патот е се појасен и појасен. Од кога знам за себе ја сакам македонската чалгија и затоа со енергијата која ми ја дава помислата на Дуле и поддршката од моите соработници, од мојата тајфа, ќе продолжам да ја свирам оваа музика насекаде во Македонија, на свадби, на прослави, по медиуми, насекаде.“ истакна Коки за време на промоцијата на спотот.
