МК Сцена
Перо Христов во ревијалниот дел на „Охрид-фест“
На 27-мото издание на „Охрид-фест“ што на 11 септември ќе се случува на сцената на Долни Сарај во Охрид, во ревијалниот дел ќе настапи Перо Христов, кој неодамна прослави 5 децении богата музичка кариера.
-Со големо задоволство на „Охрид-фест“ ќе испеам десетина мои најдобри, најслушани песни и од забавен и од народен период- ни рече Христов додавајќи:
-Педесет години музичка кариера е половина век континуитет, половина век искушенија. Добра песна, лоша песна, награди, признанија.., мојата работа ја делам на два дела: од 1969 до 1979 година- аматерски музички период на забавната музика но можеби и најтежок. Ја добив наградата „Златен глас на Македонија за млади пеачи“ и, паметам, бев второ пласиран млад пеач во Врање, СФРЈ. Потоа, учествував на Суботица- фест, на Скопските забавни музички фестивали и снимав околу дваесет забавни мелодии од најдобрите македонски автори- Славе Димитров, Масевски, Бранџолица, Џамбазов, Кире Костов, Ванчо Димитров и др.




