МК Сцена
Отворен е повикот за учество на 8.Фестивал на млади „Џифони Македонија 2020“
Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ го објави повикот со кој ги повикува сите ученици од средните и од основните училишта да се пријават за учество на осмото издание на филмскиот фестивал за млади, кое ќе се одржи онлајн од 25 до 30 септември.
Темата на „Џифони Македонија 2020“ е „Земја“ (Earth) како дел од тригодишниот циклус посветен на животната средина (2018 – Вода, 2019 – Воздух), кој се совпаѓа со педесетгодишнината од основањето на матичниот фестивал „Џифони Експириенс“ во Италија.
Осмото издание на „Џифони Македонија“ ќе се одвива од 25 до 30 септември и предвидува богата програма. Дел од филмските проекции ќе бидат организирани во соодветно адаптирани кино сали на отворено, со ограничен број на седишта, во согласност со протоколите за безбедност.




