Поглед во сегашноста и иднината на текстилната индустрија во Македонија
Во организација на Текстилно Трговското Здружение – Текстилен кластер од Македонија и во соработка со Моден викенд Скопје и Концепт Моден кластер оваа сабота во домот за Млади во Штип се одржа модниот перформанс наречен “Денови на текстилната индустрија – промоција на младата генерација” во склоп на проект од ИПА пограничната програма Бугарија – Северна Македонија “Модерната текстилна индустрија како привлечна кариера за младите генерации и придонесувач за економски развој и социјален просперитет на прекуграничниот регион јули 2019 – ноември 2020”.
Текстилната индустрија во прекуграничниот регион има важна улога за економиите на двете земји, обезбедува значително високи приходи од извоз и придонесува кон одржливо регионално вработување. Индустријата има потенцијал за раст, но нема млада, иновативна и креативна работна сила. Додека текстилните компании значително ги подобруваа условите за работа и ги почитуваат принципите на добра општествена одговорност на компаниите, учениците се уште не се свесни за тоа и не гледаат во овој сектор потенцијал за идно вработување.
Целта на овој настан на кој претходеше посета на производни капацитети од ученици од основните и средните училишта, како и менторска работа со дизајнерката Ирина Тошева, беше да се воспостави соработка меѓу образованието и бизнис секторот во насока на прикажување на потенцијалите на текстилната и модната индустрија кои би ги привлекле учениците по школувањето да станат дел од овие гранки.








