ПРВ КОНЦЕРТ ВО 2021: Рибља Чорба доаѓа во Скопје во слава на лајв музиката
Авалон продукција го најавува нивниот следен концертен проект, првиот за 2021 година- Riblja Čorba во Скопје на 27-ми јуни, на платото пред А1 Арена.
– „Судбината сакаше после девет месеци од нашиот последен одржан концерт, концертот на Бајага и Инструктори во септември минатата година, првиот нареден концерт да биде баш со бендот во којшто Бајага порасна и се изгради себеси како артист- Рибља Чорба, сигурно еден од најголемите рокенрол состави на Балканот на сите времиња.“ – велат од продукција во соопштението.
Бидејќи изминатата година беше неверојатно тешка за членовите на бендот, сакавме во оваа прилика да ви се обрати и Бора Ѓорѓевиќ (човекот којшто несомнено ќе се изучува како поет во српската книжевност), со своја изјава која интегрално ја пренесуваме:




