Само уште неколку денови до концертот на David Garrett во А1 Арена Борис Трајковски
Започна одбројувањето на последните денови до Големиот концерт на David Garrett кој ќе се случи на 25 Септември во А1 Арена Борис Трајковски.
“Ѓаволот на виолина”, како што многумина го нарекуваат ветува дека на 25 Септември во Скопје на своите обожаватели ќе им приреди една незаборавна музичка вечер.
“Со нетрпение ја очекувам турнејата”–UNLIMITED-GREATEST HITS-LIVE ” 2019 , и повеќе од кога и да е, сакам да ги однесам моите обожаватели на едно возбудливо музичко патување”, вели David Garrett. “Заедно со мојата група, моите пријатели и обожаватели, сакам да ја прославувиме музиката, како и изминатите десет години”.




